Кога креативноста е твојот водич, секојдневието станува платно за изразување идеи. Софија отсекогаш гледала убавина во сè што ја опкружува и верувала дека од ништо може да се создаде нешто вредно. Љубовта кон социјалните медиуми и желбата да ги претвори своите идеи во реалност ја донесе до Академијата за дигитален маркетинг во Семос Едукација – местото каде што нејзината визија доби вистинска насока.
Кажи ни нешто за себе, која е Софија и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум креативна личност која во сè гледа убавина и верува дека од ништо може да се создаде нешто вредно. Мојата приказна со СЕМОС Едукација започна од љубовта кон социјалните медиуми – отсекогаш сум сакала да креирам и да ги доловам работите онака како што јас ги замислувам. Кога дознав за академијата, веднаш почувствував дека тоа е вистинската можност да ги унапредам своите вештини и да ги претворам желбите во реалност.
Кое е твоето лично мото?
Моето лично мото е: „Секогаш верувај во себе.“ Верувам дека самодовербата е основата на секој успех – кога веруваш во себе, полесно се соочуваш со предизвиците и си подготвен да направиш чекори кои можеби пред тоа би ти изгледале невозможни.
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за дигитален маркетинг?
Најголем впечаток ми остави сеопфатноста на материјалите – без никакви пропусти, како и стручноста на предавачите, кои секогаш даваат реални примери што помагаат полесно да се сфатат концептите и нивната примена во реалниот свет.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата имаше огромно влијание врз мојот професионален развој. Сфатив колку многу нови работи има што претходно не сум ги знаела, и колку е важно постојано да се учи и надградуваш. Секоја лекција, секое предавање и секој практичен пример ми помогна да ја видам реалната слика за тоа како функционира дигиталниот маркетинг – не само теоретски, туку и практично.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС Едукација?
На идните студенти на СЕМОС Едукација би им порачала да го направат првиот чекор – токму тој чекор може да биде почетокот на иднината за која отсекогаш сонувале. Академијата ќе ви даде знаење, поддршка и насока, но најважно е да верувате во себе и да бидете истрајни. Секој почеток е тежок, но вреди.
Софија е пример за тоа како вистинската одлука во вистински момент може да го промени текот на една кариера. Нејзиниот ентузијазам, љубопитност и доверба во себе ја водеа до академијата каде што секој ден учи, се развива и го гради својот професионален пат. Ако и ти имаш креативна визија и желба за напредок – направи го првиот чекор. СЕМОС Едукација е тука да ти помогне да го претвориш сонот во реалност.“