Секоја голема приказна започнува со љубопитност – а кога љубопитноста се спои со страст и посветеност, се добива нешто навистина моќно. Ангел отсекогаш сакал игри, но наместо само да ги игра, одлучил да биде креаторот зад нив. Неговата приказна започна токму така – со желба да биде од другата страна на екранот. Денес, благодарение на академијата за Game Development во СЕМОС Едукација, Ангел го живее својот сон и ги гради темелите за иднината во индустријата на видео игри.
Кажи ни нешто за себе, кој е Ангел и како започна твојата СЕМОС приказна?
Јас сум Ангел Нинески, дипломиран софтвер инженер на University American College. Отсекогаш сум обожавал да играм игри, а истовремено ме интересирало како е да бидеш од другата страна – т.е. каков е целиот процес на создавање на една игра. Кога дознав за академијата за Game Development преку пријател кој сподели многу позитивни искуства како студент, веднаш знаев дека тоа е мојот избор за понатамошен професионален развој. Токму оттаму започна и мојата СЕМОС Едукација приказна.
Кое е твоето лично мото?
Доколку треба да издвојам едно лично мото кое ме води низ животот, тоа би било: „Секој ден е нова шанса да бидеш подобра верзија од себе, и секој предизвик е можност за напредок.“
Што најмногу ти остави впечаток од академијата за Game Development?
Најголем впечаток ми остави тоа што професорите се трудат, преку интерактивност на часовите, да научиме што е можно повеќе и детално објаснуваат за употребата на секоја алатка поединечно. Исто така, најдобро од сè е тоа што секогаш се достапни да помогнат доколку има нешто што не ни е целосно јасно.
Колку академијата ти помогна во твоето професионално развивање?
Академијата ми помогна да ја проширам мојата база на знаење. Со секој нов проект што го имавме го унапредив мојот пристап и техника. Благодарение на тоа, сега ми се разјаснети многу проблеми кои претходно не сум знаел како да ги решам. Исто така, ми овозможи да реализирам креативни идеи на високо ниво.
Која е твојата порака до идните студенти на Семос Едукација?
Мојата порака до сите идни студенти е да бидат креативни и посветени кон својот развој. Професорите се секогаш тука да ви помогнат, ве водат и ве исправуваат. Да
знаат дека преку ноќ не може да се стане професионален game developer – напротив, тоа е долг процес за кој е потребен многу труд и упорност. Успехот не може никој да ви го пружи, освен самите вие!
„Ангел е инспирација за сите кои сакаат да ја претворат својата љубов кон игрите во реална професија. Неговата приказна покажува дека со вистинска академија, поддршка и континуирана посветеност, секој може да го направи првиот чекор кон светот на гејмингот. Ако и ти си еден од оние што сонуваат да создаваат игри – СЕМОС Едукација е местото каде што тој сон почнува да станува реалност.“