Кога љубопитноста се сретнува со креативноста, се раѓа талент како Симеон Костовски. Започнувајќи уште од 14-годишна возраст, Симеон со часови експериментирал со видео едитирање, истражувајќи ја магијата зад визуелните ефекти. Денес, неговата пасија прерасна во професија, благодарение на Академијата за визуелни ефекти во Семос Едукација. Неговата приказна е доказ дека кога ќе се дадеш 100% на тоа што го сакаш, можеш да создаваш уметност што живее на екран.
Од 14 години почнав да се занимавам со видео едитирање и почнав сам да учам некои работи и постепено навлегував во светот на визуелните ефекти. По завршување на средното образование на интернет ја најдов Семос Академијата и многу се заинтересирав за програмата за визуелни ефекти бидејќи имав можност да го надополнам моето знаење.
Менторите најмногу ми помогнаа со тоа што несебично го споделија нивното знаење, а посебно го ценам нивниот совет да не се придржувам само на една програма, цело време да истражувам и да пробувам нови работи. Иако имав стекнато искуство од тоа што сам имав учено, сепак почнавме од почеток и некои работи ги донаучив на академијата што сега многу ми помагаат.
Најголема инспирација добивам од други спотови и други VFX артисти што ги следам на интернет. Конкретно за студентскиот проект, добивме задача да изработиме видео спот за песна по сопствен избор Најголема инспирација добивам од други спотови и други VFX артисти што ги следам на интернет. Конкретно за студентскиот проект, добивме задача да изработиме видео спот за песна по сопствен избор. Ја избрав песната Bring me to life од Evanescence поради нејзината драматичност и динамика, започнав од скици и направив mood board и story board за да ми помогнат со поставување на елементите и сцените, и постепено ги изработував сцените во консултација со менторите. Техники што користев за овој спот се: анимирање на 2D и 3D, работа со 3D модели, додавање на различни корекции на боја, одвојување на елементи и спојување.
Моментално работам како freelancer за физички лица во странство и кај нас како на пример со инфлуенсери, музички артисти... Исто така, работам и на спотови како 3D/VFX артист во Gorilla TV. Искрено немам некој проект што ме прави горд, со секој проект до сега што го имам направено сум задоволен поради тоа што со секој нов проект учам по нешто ново што ми помага следниот проект да го направам уште подобар. Но, може да се издвои еден проект што го направив пред скоро за една инфлуенсерка Иларија во соработка со Телеком тоа беше 3D анимација на робот.
Омилен визуелен ефект ми е дефинитивно 3D анимирање поради тоа што ми е најинтересно тоа за работа. На некој начин се осеќам среќно поради тоа што можам да видам до каде имам стигнато со мојот труд.
На сите заинтересирани што сакаат да започнат со визуелни ефекти им препорачувам само да почнат од тоа што ги интересира, да почнат да учат за да ја добијат основата. А покасно, со тек на работата цело време ќе учат нови работи и ќе имаат големи успеси, само да не се отажувате ако наидете на некои пречки за време на едитирањето 😊. Колку и да ви изгледа нешто тешко да се направи со желба и со пракса ќе успеете да го достигнете истото што сте го виделе дури и подобро може да направите.
Денес, Симеон Костовски успешно соработува со инфлуенсери, музички артисти и големи брендови, и тоа не само дома, туку и во странство. Неговата посветеност и постојана желба за учење се одличен пример за сите млади кои сакаат да ја претворат својата страст во кариера. Ако и ти чувствуваш дека VFX е твојата иднина, започни со еден чекор. Семос Едукација е тука да ти помогне да го направиш првиот.