Интервју со Светла Јакшиќ, студентка на Академијата за Дигитален Маркетинг во Семос Едукација.
Кажи ни нешто за себе, која е Светла и како започна твојата приказна во СЕМОС Едукација?
Уште од мали нозе обожував да објаснувам, да најдам најсоодвтена методологија за решавање проблеми, да имам јавни настапи, како и да творам, дали во форма на приказни и раскази, или пак песни. Затоа, беше логично, својот интерес да го насочам кон општесвените науки и при изборот на студии да го изберам и тогаш и сега атрактивниот смер на Правниот факултет - Односи со јавност. Благодарение на тие студии и убаво структурираната интердсципилинарна програма, осознав дека не треба да ги исфрлам и економските науки од изборот за идна професија. На предавањата ги согледав точките на поврзување меѓу ПР и маркетингот, па природно, и покрај магистерските студии, сакав да се обидам да се надоградам и на ова поле. Покрај големиот избор на академии кои Семос Едукациија го има, сепак се одлучив за Академијата за дигитален маркетинг бидејќи искрено верувам дека тоа е иднината, нешто за кое во блиска иднина ќе се зборува уште повеќе и за кое постојат многу нови алатки и простор за професионален развој.
Кое е твоето лично мото?
Верувам дека секогаш има потенцијал за подобрување и учење нови вештини и знења. За мене е предизвик да си поставувам нови цели и да следам каде новите познанства и стекнати предзнаења ќе ме насочат. Како поминуваат годините, забележувам дека имам тенденција да се дружам со сестрани луѓе со кои можеби и немам допирни точки и интереси, но заинтересираноста и отвореноста не поврзуваат и градат нови интересни контакти и отвараат нови полиња за проучувања.
Што најмногу ти остава впечаток од Академијата за дигитален маркетинг?
Запознавањето колеги кои со истото љубопитство и желба за учење и надоградување се запишале на оваа програма е убава основа за стабилен и успешен почеток на академијата. Сепак, можеби најмногу ме радува запознавањето со одличните предавачи, секој стручен за модулите преку кои ги запознаваме, и на овој начин согледувам колку стручни, амбициозни и вредни професионалци имаме во Македонија токму во оваа сфера.
Колку академијата ти помага во твоето професионално развивање?
По запишувањето на Академијата, сметав дека самата програма ќе ме насочи подлабоко на навлезам конкретно во таа материја, но всушност не бев свесна колку таа ќе ме обучи за денешните предизвци со кои се соочува мојата примарна гранка. Денес, границата меѓу традиционалниот ПР и дигиталниот маркетинг е речиси избришана и ти стануваш дигитален ПР професионалец. Учејќи ги новите алатки и методи на поставување стратегии не само што ќе ти овозможат како да ја изградиш и сочуваш репутацијата на еден бренд/институција, туку ќе знаеш и како технички да ја пласираш таа приказна јавно и преку статистика да им го докажеш успехот на клиентите или претпоставените.
Која е твојата порака до идните студенти на СЕМОС Едукација?
На сите идни студенти на Семос Едукација би им препорачала да бидат храбри, да знаат умешно да ја „купуваат“ секоја информација, секој практичен совет кој професорите ќе им го дадат на часовите. Проблемите со кои ќе се соочуват при изработка на проектите нека ги сфатат како предизвици кои по совладувањето ќе прераснат во непроценливо знаење кое ќе можат да го применат работејќи со реални клиенти во иднина. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш со сигурност сте на вистинскиот пат и со секој предизвик ќе имате само шанса плус во иднина. Тоа некој кај вас ќе го препознае и заедно ќе може да изградите нова успешна, инспиративна дигитална маркетинг приказна!