Марија Велковска студентка од Академијата за Дигитален Маркетинг
Rising Star of the Week: Марија Велковска студентка од Академијата за Дигитален Маркетинг
Од љубопитност до првите реални чекори во дигиталниот маркетинг
Нејзината приказна започнува со едноставна љубопитност кон маркетингот - но вистинскиот пресврт се случи кога се запиша на Академијата за Дигитален Маркетинг во Семос Едукација.
Таму го пронајде она што ѝ недостасувало: професионална средина, структуриран пристап кон учењето и реални задачи што веднаш ја воведоа во светот на дигиталниот маркетинг.
„Професионалната атмосфера и практичниот пристап ме мотивираа да навлезам подлабоко во маркетингот. Тоа ме доведе до можност за пракса во Семос Едукација, каде што денес учам, создавам и ја гледам големата слика од внатре,“ споделува Марија.
Нејзиното мото е кратко, но јасно:
„Да учам, да напредувам и да се надоградувам.“
Она што најмногу ѝ остава впечаток на Марија во Академијата е практичниот начин на работа:
„Работиме на реални задачи, користиме актуелни алатки и учиме од активни професионалци. Секој час ни дава нешто ново што можам веднаш да го тестирам во пракса.“
Комбинацијата од академија + пракса ѝ помага да се развива побрзо и подлабоко:
„Академијата ми дава јасни, применливи знаења, а праксата ми овозможува тоа веднаш да го применам. Така стекнувам сигурност и чувство дека учам вистински, во реална работна средина.“
До идните студенти упатува искрена порака:
„Бидете љубопитни и отворени за нови вештини. Академијата ќе ве води, но вашиот труд ќе донесе вистинска промена. Ако сакате да започнете кариера во дигитален маркетинг - ова е вистинскиот почеток.“
Оваа приказна е доказ дека со вистинско учење, вистинска поддршка и практична работа, првиот чекор кон кариера може да се претвори во голем почеток.
Ако и ти сакаш да ги направиш првите реални чекори во дигиталниот маркетинг, да учиш од професионалци и да стекнеш практично искуство уште за време на Академијата - приклучи се на Академијата за Дигитален Маркетинг во Семос Едукација.