Од детска љубов кон цртањето до графички дизајн-приказна за креативност која си го најде патот.
Андреј уште како дете знаел што го прави среќен. Додека другите деца излегувале надвор, тој знаел со денови да седи и да црта-ликови од цртани филмови, измислени светови, сè што му паднело на ум. Таа љубов кон визуелното изразување никогаш не исчезнала.
Во средното училиште „Димитар Влахов" за првпат сериозно се сретнал со графичкиот дизајн. Професорите му покажале дека она што го правел од мал, всушност може да биде професија. И тоа било доволно да сака да дознае повеќе.
„Се одлучив да го продолжам школувањето во Академијата за графички дизајн на СЕМОС. Заедно со моите родители заклучивме дека тоа е најдобриот избор за таков профил кај нас", вели Андреј.
Зошто Семос Едукација?
Андреј вели дека разликата ја почувствувал веднаш.
„Од прва ме освои достапноста на професорите. Комуникацијата е секојдневна, ентузијазмот е заразен, и постојано те туркаат да дадеш максимум од себе. Тука навистина имаш простор да бидеш креативен без некој да ти поставува рамки.
Што научил досега?
За Андреј, Академијата за графички дизајн не е само место каде се учат програми и техники. Тука тој го проширува целиот поглед кон дизајнот.
„Ми помогна да ги надградам знаењата што веќе ги имав, да научам нови работи и сè подлабоко да навлезам во индустријата. Чувствувам дека секој ден напредувам."
Неговото мото
„Кога работите стануваат тешки, наредното ниво е напредок."
Едноставно, но моќно. Токму така Андреј пристапува кон предизвиците.
Што би им порачал на оние кои размислуваат да се запишат?
„Во Семос Едукација добивате простор да бидете себеси. Да творите без ограничувања, со модерен пристап и поддршка од сите страни. Искрено? Шансата е премногу добра за да се пропушти."