Телефон:

+389 75 234 342

E-mail адреса

infokc@semos.com.mk

Доколку си компанија

Кариерниот центар е Ваш сигурен HR партнер за пронаоѓање на таленти за Вашата компанија. Наша цел е да Ви помогнеме при процесот на регрутација и селекција со цел полесно да дојдете до квалификувани кандидати според компаниските потреби.

Кариерен Центар

Обуките и академиите во Семос Едукација нудат практична примена на едукативни содржини кои ќе ти помогнат да стекнеш непроценливо искуство и да станеш експерт во својата област. Веруваме во уникатните квалитети и вештини на секој слушател и наша мисија е да ги препознаеме, развиеме и трансформираме во успешна кариера.

Доколку си индивидуалец

Било да си во потрага по прво вработување или искусен професионалец во потрага по доквалификација или преквалификација, Кариерниот центар ти нуди поддршка за планирање и развој на твојата кариера.
Кариерен Центар

Менуваме животи и
остваруваме успешни соработки

Нашата визија се темели на придонес во вработливоста на таленти од сите ИТ профили како и на имплементација на нови трендови на пазарот на трудот. Постоиме со цел да ги насочиме слушателите да си го пронајдат своето место во ИТ и креативната индустрија и целосно да го искористат својот потенцијал, а компаниите да добијат високо квалификивани кадри кои ќе ги обликуваат според своите потреби.
Нашите услуги за вашата компанија

Што поточно
правиме ние?

Препорака на селектирани кандидати

Ги препорачуваме нашите слушатели – топ перформери од обуките и академиите во Семос Едукација.

Поддршка во процесот на селекција и регрутација на идни членови на тимот

Кариерниот центар Ве води низ сите чекори од селекција до регрутирање на Вашите идни колеги.

Менторство и реални проекти

Како компанија ментор, имате можност да им зададете реален проект на слушателите согласно Вашите насоки и да бидете препознаени како општествено одговорна компанија која учествува во создавањето на нови кадри.
+
слушатели
+
партнери
+
успешни
соработки
+
успешни
приказни
Нашите услуги за индивидуалци

Што поточно
правиме ние?

Поддршка при планирање и развој на кариера

Нудиме обука за развој на технички и меки вештини како и поддршка при изработка на CV, мотивационо писмо и LinkedIn профил.

Поврзување со нашите партнерски компании

Со членството во Кариерниот центар добиваш можност за препорака и поврзување со нашите компании партнери кои ќе го препознаат твојот талент и компетенции.

Кариерно советување

Доколку си во дилема за изборот на кариера или ти треба совет за следните кариерни чекори, нашите професионалци ќе ти помогнат да ги истражиш своите вештини и силни страни и да ги насочиш кон вистинската кариерна патека.
Нашите талент партнери
Кариерниот Центар на Семос Едукација

Зошто е креиран
и која е неговата цел?

Впечатоци и импресии

Кажаа за нас: